Connect with us

Ракомет

Стартна победа за македонските ракометарки на турнирот во Турција

Македонската женска ракометна репрезентација со победа (29:26) над домаќинот Турција го стартуваше настапот на турнирот во Анкара. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски до победата стигнаа во последните 15-тина минути откако најголемиот дел од дуелот резултатот беше нерешен. На полувреме беше 12:12.

Најефикасна во нашиот сениорски тим беше Емилијана Ризоска со 11 голови, додека Драгана Петковска дуелот го заврши со 10 одбрани (еден седмерец).

Утре на турнирот македонската репрезентација игра против Словенија (почеток 12 часот), а в недела е последниот натпревар против Словачка (почеток 10 часот). 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4