Connect with us

Формула 1

Четири тима од Ф1 ги одредија датумите за претставување на болидите за 2026

Тимовите од Формула 1 се подготвуваат да ги откријат новите автомобили со кои ќе се тркаат во сезоната 2026, кога техничките прописи на шампионатот ќе претрпат значителни промени.

Четири од единаесет тима веќе ги одредија датумите за промоција: Ред Бул и Рејсинг Булс – на 15 јануари
Алпин – на 23 јануари
Астон Мартин – на 9 февруари.

До сега термин за промоција на своите болиди немаат објавено: Мекларен, Мерцедес, Ферари, Вилијамс, Хаас, Ауди и Кадилак.

Претсезонските тестирања во 2026 година ќе се одржат од 26 до 30 јануари на патеката во Барселона, зад затворени врати, и од 11 до 13 февруари на патеката во Бахреин, отворени за медиумите.

Сезоната 2026 започнува од 6 до 8 март со Големата награда на Австралија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4