Connect with us

Општини

Гостивар без вода за пиење, градежна механизација оштетила две доводни цевки на водоводната мрежа

Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби. Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со дијаметар 500 мм и уште една помошна со 200 мм кои носат вода од изворот на Вардар до корисниците.

– Како резултат на оштетување на главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, предизвикано од ископи од страна на механизацијата на Бехтел & Енка, изведувачот на автопатот Коридор 8, без претходно известување, настана оштетување на главната цевка, поради што ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на целата територија на градот Гостивар, стои во соопштението на ЈП „Комуналец“.

Оттаму велат дека нивни техничките екипи се на терен и работат на санација на оштетувањето. Од ЈП „Комуналец“ препорачуваат водата која сè уште ја има во системот да не се користи за пиење, бидејќи нема потврда за нејзината безбедност и бактериолошка и физичко хемиска состав.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3