Connect with us

Промо

Нема седмица без радост од голема добивка на инстант лотарија

Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по
неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде.


Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до
10.000.000 денари

Инстант лотаријата денес претставува една од најпопуларните и најдостапни забавни
игри кај играчите низ земјата. Со големи фондови, разновидни теми, забавни начини за
игра и возбудливи добивки, секој од лозовите носи свој посебен печат и можност за
радосно изненадување. Во сегашната понуда има 10 лоза и секој од нив има многубројни
среќни приказни.


Лозот „Титаниум“ е вистинскиот избор за оние што посакуваат премија автомобил, а
лозот под име „Доме сладок доме“ е совршен за оние на коишто им е потребен стан во
Скопје. Инстант лозот „Урбан стил“ со понуда на електрични мотори е уште еден во
серијата лозови со стокови добивки што го поддржува урбаниот стил на живеење и
заштитата на човековата околина.


Серијата парични лозови има вкупно седум лоза од коишто „Мега Милионер“ ги нуди
најголемите парични премии во вредност од 10.000.000 денари, 8 добивки по 1.000.000
денари и други големи парични добивки. Еден од најомилените инстант лозови „Макси
златна рипка“, препознатлив по начинот за дознавање добивки носи премии вредни по
1.000.000 денари, а возбудливата „Златна Треска“ со дури три игри на еден лоз ги

привлекува играчите со својот впечатлив дизајн и богата палета добивки меѓу кои 5
премии во вредност од по 585.000 денари.

Во серијата парични лозови е навистина забавно, тука е веселиот и свеж инстант лоз
„Фрути“ со премии од по 400.000 денари, елегантниот и светкав „Дијамант“ со којшто
потрагата по симболите прстен и дијамант може да заврши со освојување на една од 10-
те премии вредни 300.000 денари, а вистинскиот хит за љубителите на астрологијата е
лозот „Хороскоп“, којшто комбинирајќи нумерологија и астрологија ги впушта играчите во забавна игра со хороскопски симболи и броеви и носи многубројни парични добивки
покрај 5-те премии од 500.000 денари.


Списокот членови на семејството на инстант лотаријата го завршуваме со инстант лозот,
којшто го носи традиционалниот симбол на семејна среќа и благосостојба и веќе
препознатлив и како симбол на Државна лотарија ‒ „Калинка“. Овој инстант лоз со 7-те
премии од по 700.000 денари е шармантен и забавен, а познат е по својата убава
симболика и примамлив изглед.


Велат дека во една калинка има околу 365 зрна среќа ‒ по секое за секој ден. Така и во
семејството на инстант лотаријата, коешто има безброј „инстант“ добивки што секој ден
носат радост на голем број љубители на игрите на среќа, кои се над 18-годишна возраст.

Забавните игри, впечатливите дизајни и многубројните добивки на инстант лозовите ги
мотивираат играчите да продолжат да ја следат својата среќа со членовите на големото
семејство на инстант лотаријата на Државна лотарија, чијшто слоган е СРЕЌА ПОД
ПРСТИТЕ, а симболот на инстант лотаријата на Државна лотарија е отворена калинка со
видливи зрнца среќа.


Инстант лотаријата навистина ја носи среќата во сите краеви на нашата земја.
Затоа, среќата е навистина насекаде со Државна лотарија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2