Тенис
Ѓорческа со мал пад на ВТА листата
																								
												
												
											Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната нова ВТА листа бележи мал пад од четири позиции и сега се наоѓа на 205.то место. Таа има освоено 358 поени. Ѓорческа за следната недела е пријавена да настапи на турнир во Португалија.
Магдалена Стоилковска има пад за 19 места и се наоѓа на 1.464 место со 3 поени.
На врвот на ВТА листата се наоѓаат осумте најдобри тенисерки кои настапуваат на завршниот турнир во Ријад: Арина Сабаленка, Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Џесика Пегула, Елена Рибакина, Мидлтон Кејс и Јасмине Паолини.
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
