Свет
Трамп не размислува за испраќање ракети „Томахавк“ во Украина
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека не размислува да ѝ обезбеди на Украина ракети со долг дострел „Томахавк“.
На новинарско прашање, поставено во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, дали размислува да го испорача ова оружје на Украина, Трамп одговори: „Не, воопшто не“.
Американскиот лидер го даде овој коментар при враќањето во Вашингтон од неговиот имот на Флорида.
ноември 3, 2025

