Connect with us

Свет

Владата на Естонија ангажираше новинар да помогне во намалување на стравот од војна

Владата на Естонија го ангажираше новинарот Хенрик Рунем за да помогне во истражувањето на начини за зајакнување на довербата на граѓаните и намалување на анксиозноста поради влошената безбедносна ситуација во светот и тензиите со соседна Русија, соопшти владината канцеларија.

Според канцеларијата, целта на проектот е да се утврди како државата, приватниот сектор и граѓанското општество можат заеднички да придонесат за поголема отпорност на општеството и подготвеност за делување во кризни ситуации, пренесува порталот Делфи.

– Безбедносната ситуација во нашето опкружување се промени, што предизвикува загриженост кај граѓаните. Сакаме да истражиме како можеме да ја зголемиме нивната самодоверба, рече советничката за комуникации Јане-Лина Лив.

Рунем, познат по својата работа во областа на технологијата и стартапите, ќе соработува со различни организации во потрага по конкретни облици на соработка.

– Ова секако не значи дека ќе поставуваме плакати со порака луѓето да не се плашат од војна, рече Рунем за медиумите. Тој ќе работи во владината канцеларија врз основа на четиримесечен договор, до 31 јануари следната година.

Според канцеларијата, резултатите од проектот би можеле да бидат претставени во првите месеци на 2026 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1