Connect with us

Свет

Турција: Доживотен затвор за сопственикот и осуммина обвинети за пожарот во кој загинаа 78 лица

Осум доживотни затворски казни изрече денеска Судот во случајот за смртоносниот пожар во јануари во луксузен хотел во скијачкиот центар во Турција, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ.

Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим е и сопственикот на хотелот, Халит Ергјул. Истата казна ја добија неговата сопруга Емине Ергјул и неговите ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои биле дел од раководниот состав на хотелот, како и главниот менаџер Емир Арас, управителот Зеки Јилмаз, заменик-градоначалникот на Болу, Седат Ѓуленер, и директорот на друг хотел, Ахмет Демир.

Вкупно 32 лица беа обвинети во случајот, од кои 20 беа судени во притвор.

Објавувањето на пресудите беше дочекано со аплауз во судницата.

Вкупно 78 лица загинаа, а над 130 беа повредени во пожарот што на 21 јануари го зафати 12-катниот хотел „Гранд Картал“ во одморалиштето Карталкаја во северозападниот округ Болу. Трагедијата се случи за време на зимскиот распуст на учениците, кога во хотелот беа сместени 238 гости. Многумина се обиделе да се спасат скокајќи низ прозорците или спуштајќи се од собите со јажиња направени од чаршафи. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3