Connect with us

Свет

Податоци на милиони жители на Истанбул наводно испратени во странство за време на мандатот на Имамоглу

Турските истражни органи објавија дека во рамките на најновата истрага за шпионажа против суспендираниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се откриени злоупотреби со податоци на милиони жители на градот. Според обвинението, администрацијата на Имамоглу наводно испраќала информации кон Германија и САД, а дел од податоците биле продавани онлајн, објави „Туркије тудеј“.

Обвинителството приведе уште четворица осомничени во истрагата за неовластен пристап до бази на корисници на апликацијата „Истанбул е твој“. Дел од податоците биле префрлени на странски сервери и се појавиле на „дарк веб“, а се испитуваат сомнежи дека градската дигитална инфраструктура била користена за шпионажни активности. Меѓу приведените е и советникот на Имамоглу, Ибрахим Озкан.

Според истражните материјали, податоци на околу 4,7 милиони граѓани, вклучително адреси и локации, можеби биле пренесени или компромитирани. Истрагата ги опфаќа и апликациите поврзани со демографски податоци на 11 милиони жители.

Сведочења и аудиозаписи упатуваат дека приватната фирма „Реклама Истанбул“ добила пристап до градски бази на податоци, кои потоа биле користени и за изборни цели. Споменат е и портпаролот на градот Мурат Онгун, за кого се тврди дека преку јавната медиумска компанија доделил повеќе од 70 договори на истата фирма меѓу 2022 и 2024 година.

Имамоглу, кој веќе издржува казна затвор по обвиненија за корупција, сега е обвинет и за шпионажа. Тој ги негира сите обвинувања. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг