Connect with us

Фудбал

Баерн заинтересиран за косовскиот репрезентативец Аслани

Германскиот шампион Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Хофенхајм, Фисник Аслани (23), кој треба да биде резерва на Хари Кејн, јавија денеска германските медиуми.

Оваа сезона, улогата на резервен централен напаѓач во баварскиот клуб ја има Сенегалецот Николас Џексон, кој дојде на едногодишна позајмица од Челзи. Сепак, малку е веројатно дека Џексон ќе остане во Баерн по завршувањето на оваа сезона и затоа германскиот шампион бара алтернатива.

Според медиумите, вниманието на Баерн е насочено кон косовскиот репрезентативец Аслани, кој од почетокот нас сезоната постигна пет голови во дресот на Хофенхајм.

Аслани пристигна во Хофенхајм во летото 2020 година и играше за вториот тим во првите две сезони, по што беше позајмен во Австрија Виена, а минатата сезона во германскиот второлигаш Елверсберг, каде постигна 19 голови. По враќањето од позајмица, Аслани го продолжи договорот со Хофенхајм до јуни 2029 година.

Аслани постигна два гола на десет натпревари за репрезентацијата на Косово, а според германските медиуми, за него е заинтересирана и Барселона.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг