Connect with us

Живот

Внатрешно истражување: „Чет-ГПТ“ добива милион самоубиствени пораки неделно, ВИ-одговорите се подобруваат

„Опен-АИ“ во нова блог-објава соопшти дека над милион корисници на „Чет-ГПТ“ секоја недела испраќаат пораки што вклучуваат „експлицитни индикатори за потенцијална самоубиствена намера или размисла“, како што се наведува.

Покрај проценките за самоубиствени намери и пораки, „Опен-АИ“ исто така извести дека, од проценетите 800 милиони корисници во текот на една седмица, околу 0,07 отсто, т.е. околу 560.000 корисници покажуваат можни знаци на проблеми со менталното здравје поврзани со психоза или манија. Во објавата се предупредува дека овие разговори се само почетна анализа и проценка, а не и прецизни мерења.

„Опен-АИ“ тврди дека нејзиното неодамнешно ажурирање на „ГПТ-5“ го намалило бројот на несакани однесувања на нејзиниот производ и ја подобрило безбедноста на корисниците во евалуација на моделот што вклучувала повеќе од 1.000 разговори за самоповредување и самоубиство. За таа цел, компанијата, велат, ангажирала 170 медицински стручњаци од својата Глобална мрежа на лекари, и експерти за здравствена заштита, за да помогнат во истражувањето изминативе неколку месеци.

„Како дел од овој труд, психолозите и психијатрите разгледале повеќе од 1.800 одговори на моделите што вклучуваат сериозни случаи поврзани со менталното здравје и ги споредиле одговорите од новиот модел за разговор ‘ГПТ-5’ со претходните модели“, објави „Опен-АИ“.

Инаку, американската компанија во мигов се соочува со зголемен надзор и поднесена тужба од семејство на тинејџер кој извршил самоубиство по подолго допишување со „Чет-ГПТ“, пренесе порталот „Кликс“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг