Connect with us

Свет

Откриен голем арсенал оружје во западна Германија при акција против трговци со оружје

Германската полиција откри голем арсенал оружје, меѓу кои автоматски пушки, базуки и митралези, при акција против организирани мрежи за трговија со оружје во западниот дел на земјата, јави ДПА.

Оружјето било пронајдено во градот Ремшајд, близу Вупертал, во покраината Северна Рајна – Вестфалија. Обвинителот Волф-Тилман Баумерт изјави дека се работи за едно од најголемите количества оружје некогаш пронајдени во таа покраина.

По тајна операција во која истражители купиле митралези од осомничените, биле уапсени тројца мажи на возраст од 34, 37 и 59 години. Полицијата извршила 11 претреси во кои учествувале околу 200 службеници, при што биле запленети и наркотици и готовина.

Во подрумот на 59-годишниот осомничен биле откриени и нацистички реликвии и предмети од поранешниот Советски Сојуз.

Истражителите соопштија дека нема индикации за екстремно-десничарски мотиви, а трговците главно биле мотивирани од финансиска добивка. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг