Connect with us

Ракомет

Петар Атанасијевиќ место Манасков во репрезентацијата

Десното крило на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ ќе треба да се јави утре на стартот на подготовките на ракометната репрезентација на Македонија. Тој ќе треба да го пополни местото на својот клупски колега Дејан Манасков, кој го „одби“ повикот на селекторот Кирил Лазаров.

Манасков како што објави вчера на социјалната мрежа Фејсбук на таков чекор се решил поради нарушени односи со селекторот.

Лазаров веднаш по одигрувањето на редовното коло го повика Атанасијевиќ, кој лани беше дел од составот на нашата репрезентацијата на Светското првенство.

Македонскиот ракометен национален тим во неделата на ЕХФ ќе има мини подготовки, а потоа ќе одигра два натпревара со Јапонија, едниот од затворен тип (31. октомври) и вториот закажан за 1. ноември во Куманово. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг