Останати спортови
Алекс Маркез најбрз на патеката Сепанг за ГН на Малезија во Мото ГП
Мотоциклистот на Дукати Алекс Маркез (Шпанија) победи на денешната трка во Мото ГП што се возеше на патеката Сепанг за ГН на Малезија. Тој трката ја извозе за 40:09.249 минути и за 2.676 секунди беше побрз од сонародникот Педро Акоста на КТМ. За комплетен шпански подиум се погрижи Жоан Мир на Хонда.
Италијанецот Франческо Бањана на Дукати остана без пласман откако на два круга до крајот му се дупна гума, па така нема пласман на последните три трки.
Светскиот првак за оваа сезона Марк Маркез (Шпанија) поради повреда на десното рамо нема да се натпреварува до крајот на сезоната, но веќе ја има обезбедено шампионската титула со 545 бодови. Втор во генералниот пласман е Алекс Маркез со 413.
октомври 27, 2025

