Connect with us

Свет

Лекорни под нов притисок од социјалистите околу францускиот буџет

Францускиот премиер Себастијан Лекорни се најде под нов притисок околу планираниот буџет за штедење, откако социјалистите денеска побараа воведување данок на богатство и повисока стапка на оданочување и за високотехнолошките фирми и за големите наследства, јави ДПА.

Без овие отстапки, социјалистите ќе ја повлечат својата поддршка за централно-десничарската влада, изјави лидерот на социјалистите Оливие Форе во интервју за BFMTV на почетокот на тешките консултации за буџетот.

Социјалистите не се придружија на гласањето за недоверба на опозицијата минатата недела откако премиерот вети дека ќе ја суспендира контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон, потсетува германската агенција.

Лидерот на социјалистите сега нагласува дека Лекорни мора до понеделник да направи значајни промени во својот нацрт-буџет , „затоа што во спротивно, навистина е готово“.

На почетокот на дебатата за буџетот во Националното собрание, Лекорни рече дека буџетскиот дефицит на Франција следната година треба да се намали на под пет отсто во 2026 година по 5,8 отсто лани и очекуваните 5,4 отсто годинава.

Франција е презадолжена земја, а Европската Унија во 2024 година отвори постапка против неа за прекумерен дефицит. 

Нацрт-буџетот на Лекорни предвидува заштеди од околу 30 милијарди евра.

Останува да се види дали поделениот парламент ќе може да има доволно заедничка основа за да усвои буџетот за штедење, наведува ДПА.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг