Connect with us

Свет

Хегсет на средбата Трамп-Зеленски со вратоврска во боите на руското знаме

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет привлече внимание на социјалните мрежи поради вратоврската во боите на руското знаме што ја носеше на средбата меѓу претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Хегсет се појави на средбата носејќи вратоврска во боите на руското знаме – бела, сина и црвена – и марамче во боите на американското знаме, а комбинацијата на овие бои, кои ги симболизираат знамињата на двете земји, предизвика бројни коментари во медиумите и на социјалните мрежи, јавуваат американските медиуми.

Средбата на претседателите на Украина и САД започна со кратко обраќање до новинарите, по што двајцата лидери ги продолжија разговорите зад затворени врати, кои траеја два часа.

Хегсет, кој е на чело на Пентагон од почетокот на мандатот на Трамп, не коментираше за симболиката на неговата модна комбинација, но корисниците на социјалните мрежи коментираа дека контрастот помеѓу вратоврската и марамчето изгледа „намерно нагласен“ во време кога американската администрација се обидува да го избалансира притисокот од Киев за испорака на американски ракети „Томахавк“ во Украина и одржувањето дипломатски канали со официјална Москва.