Свет
Трамп: Нека Зеленски и Путин прогласат победа, нека одлучи историјата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на „Truth Social“ дека неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски била „многу интересна и срдечна“.
Трамп изјави дека му рекол на Зеленски, како што претходно му рекол на Владимир Путин, дека е „време да се запре убивањето и да се постигне договор“.
-Доста со крвопролевањето. Треба да престанат таму каде што се. Нека двете страни прогласат победа и нека одлучи историјата! Крај на пукањето, крај на смртта, крај на огромните и неодржливи трошоци. Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, напиша Трамп.
„Илјадници луѓе се убиваат секоја недела – доста, вратете се во мир кај вашите семејства!“, рече американскиот претседател.
Трамп ја напушти Белата куќа и се упати кон својот приватен имот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што ќе го помине викендот. Тој не им се обрати на собраните новинари кои сакаа да го прашаат за средбата со Зеленски.
октомври 18, 2025