Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Од каде ќе ја врати правдата Филипче, од јахтата на Заев или од луксузниот апартман во Дубаи?

Иронија и потценување. Меѓу многуте небулози на Филипче кои одамна немаат смисла, и како да си ги кажуваат во затворен круг без да сфатат каква е реалноста и дека народот не им ги прифаќа глупостите повеќе затоа што ги знае.
Една теза денеска му ја вметнале на Филипче во говорот, а е за нијанса од другите поапсурдна и не неа ќе се задржиме затоа што ќе го определи периодот кој следи.
Тој вели: Да ја вратиме правдата.
Како ќе ја врати правдата Филипче? Од јахтата на Зоран Заев, каде беше цело лето, или од луксузниот апартман во Дубаи, каде со Заев го слушаа Харис Џиновиќ, а Филипче ревносно како третоодделенец, титов пионер кога ќе го видеше Тито, го снимаше со мобилен својот шеф како зборува со Харис Џиновиќ и му нарачува песни.
Толку од одговорот.
октомври 7, 2025