Connect with us

Општини

Проданоски: Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација

Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули.

Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок.

Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн.

Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда.

Со паметни интервенции со паметно вложување, само понатаму може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.

Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат.

Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули.

Да го направиме Прилеп туристички бренд во Македонија.