Општини
Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност во нашата општина.
Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа.
Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%.
Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија.
Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед.
Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација.
Со вашата доверба ќе продолжиме да ја градиме Македонска Каменица како зелена, современа и одржлива општина.
Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за вашиот градоначалник Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата Твоја Македонија.
Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на нашата општина.
октомври 6, 2025