Connect with us

Свет

Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови

Аеродромот во Минхен изутринава ги продолжи своите операции, откако поради забалежани дронови беа прекинати сите полетување и слетувања во текот на ноќта, јави ДПА.

Сепак, патниците се предупредени дека се можни доцнења и нови прекини во текот на денот.

Воздушниот сообраќај на вториот по големина аеродром во Германија беше прекинат втора ноќ по ред во петокот вечерта, како превентивна мерка откако беа забележани два дрона.

Неколку летови беа пренасочени или откажани, а околу 6.500 патници беа заглавени на аеродромските терминали. Некои мораа да ја поминат ноќта на аеродромот, каде што беа обезбедени кревети за кампување, ќебиња, пијалоци и закуски.