Connect with us

Политика

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица. Раководството на Левица го покажа вистинското лице. По Апасиев, Крмов, Мојсоска, Мециновиќ, и Реџеп Исмаил брцнал во медот на Левица, инкасирајќи близу 300 илјади денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. а МИА го објавува интегрално.

Врз кој основ Исмаил подигнал слични цифра на суми, изминативе години? Повторно поставуваме прашање во јавноста, дали можеби и Исмаил е сметководител во Левица? И секако, ако и тој е сметководител, дали знае дека тоа е противзаконски? Или за раководството на Левица тоа не важи?

Почитувани граѓани,

Не е проблемот доколку Левичарите од Али Експрес земаат средства од нивната партија, проблемот е што се лицемерни, дволични и шарлатани. Проблемот е што додека ги напаѓаат нивните колеги во Собранието за патни трошоци, тие ја цицаат својата партија зад завесите. Проблемот е што глумат скромни, а купија недвижен имот во договор со извршител по 3 пати пониска цена.