Фудбал
Флик за повредата на Јамал: Тој играше кога Шпанија водеше со три гола разлика, ова не е грижа за фудбалерот

Тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го критикуваше стручниот штаб на шпанската репрезентација поради третманот на Ламине Јамал, на кого му беа дијагностицирани проблеми во препоните.
– Јамал отиде да игра за шпанската репрезентација со болки и не тренираше. Му беа дадени лекови против болки за да може да излезе на теренот. Во двата натпревари Шпанија водеше со најмалку три гола разлика, но сепак помина 73 и 79 минути на теренот. Не можеше да тренира помеѓу натпреварите. Ова не е грижа за играчот. Многу сум тажен, изјави Флик за клупскиот сајт на Барселона.
На 14 септември, Барселона ќе биде домаќин на Валенсија во Ла Лига, а на 18 септември, Каталонците ќе играат на гости против Њукасл во Лигата на шампионите.
септември 14, 2025