Connect with us

Политика

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери на СДС и на ДУИ, праша во својата изјава Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја објавува интегрално.

Судството со 2% доверба и натаму тоне, а на кормилото ЈО Коцевски сеуште ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДС и ДУИ.

Во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат.

Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.

Почитувани, јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?

Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сеуште ги штити неговите наредбодавци?

ЈО и Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДС и до ДУИ.