Connect with us

Фудбал

Фантастичен гол на Трајковски, но недоволен за позитивен резултат против Саудиска Арабија

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен во Прага.

Македонската репрезентација поведе во 40 минута со прекрасен гол со „ножички“ на Александар Трајковски, а Саудијците со пресврт им го нанесоа првиот пораз на избраниците на селекторот Благоја Милевски во последните десет натпревари.

Најпрво Фарас Ал Бураикан го израмни резултатот во 45 минута, а Абдула Ал Хамдан ги постави конечни 2-1 во 78 минута.

За македонската репрезентација ова беше увертира пред неделниот натпревар против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации.

Со осум бодови од четири натпревари, македонската репрезентација е второпласирана во групата Ј, со бод помалку од лидерот Велс кој претходно денеска триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

Натпреварот против Лихтенштајн е закажан в недела на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.