Свет
Сијарто: Унгарија нема да поддржи воена операција на ЕУ во Украина

Унгарија нема да ја поддржи воена операција на Европската унија во Украина, ниту која било друга одлука што би можела да го попречи мирното решавање на конфликтот, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, пред неформалниот состанок на дипломатите на земјите од ЕУ во Копенхаген.
Сијарто во објава на Фејсбук рече дека очекува огромен притисок на состанокот.
– Мислам дека денеска ќе се обидат да го скршат нашиот отпор и нашиот став во поддршка на мирот, рече Сијарто.
– Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ е како и обично: притисок, притисок и притисок. Предлози за војна, повеќе пари и оружје за Украина, се обидуваат да ја турнат Украина во Европската Унија, но ние нема да се откажеме од нашиот став. Со сите сили го поддржуваме мирот, ја спроведуваме волјата на унгарскиот народ, го штитиме нашиот суверенитет и безбедноста на унгарскиот народ, напиша шефот на унгарската дипломатија во последната објава.
септември 1, 2025