Connect with us

Свет

Американски и кубански генерали се сретнаа во Гвантанамо по извештаите дека Куба купила беспилотни летала

Високо рангираните американски и кубански генерали одржаа состанок во заливот Гвантанамо, еден од ретките, потврдија денеска двете страни отако с епојавија извештаи за потенцијална воена ескалација меѓу двете нации.

Шефот на Јужната команда на САД (Саутком), генерал Франсис Донован, се сретна со началникот на Генералштабот на Кубанските револуционерни вооружени сили, Роберто Легра Сотолонго, во американската воена база во Куба.

За време на „кратката размена“ со Легро и други претставници на кубанските вооружени сили, беа дискутирани „прашања за оперативна безбедност“, соопшти американската војска во објава на Икс.

Во соопштението за медиумите на кубанското Министерство за одбрана беше наведено дека е одржан „позитивен состанок“ по меѓусебен договор и дека се дискутирани прашања важни за двете страни.

Изјавите беа објавени неколку дена откако американскиот портал Аксиос објави дека Куба купила повеќе од 300 воени беспилотни летала.

Според извештаите, Хавана наводно започнала да разговара за плановите за употреба на беспилотни летала за напад врз американската воена база во заливот Гвантанамо, американските воени бродови и евентуално врз Ки Вест во американската држава Флорида.

Куба ги отфрли тие извештаи, но го потврди своето право на самоодбрана во случај на американски напад.

Односите меѓу Вашингтон и Хавана се затегнати од револуцијата и дополнително ескалираа за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп.

Вашингтон воведе серија нови санкции и ембарго за увоз на нафта во оваа социјалистичка карипска островска нација, обидувајќи се да се заложи за промена на режимот во интерес на САД преку зголемен притисок.

Ad
Ad