Connect with us

Кошарка

Олимпијакос прв финалист во Евролигата, совладан европскиот првак Фенербахче

Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти во Евролигата откако попладнево во првото полуфинале го совладаа актуелниот европски првак Фенербахче со 79:61 (18:12; 15:12; 23:17 и 23:20).

Грчкиот претставник натпреварот го почна со одлична одбрана и противникот првите поени ги постигна по седум минути, а потоа и во вториот период Фенербахче шест минути мина без кош и на полувреме предноста беше 33:24.

На стартот од вториот дел Олимпијакос имаше серија од 11-0 и поведе со 44:24, сепак Фенербахче намали на девет негатива (48:39). Во последната четвртина Фенербахче со серија од 8-0 намали на 56:49, што беше најмала разлика, но немаше сили за пресврт.

Во текот на дуелот играчите на Олимпијакос имаа шут за три поени 11/27, додека Фенербахче слаби 8/36.

Најефикасен кај победникот беше Алек Пиетрус со 17 поени (без промашување), а кај Фенребахче Тарик Биберовиќ постигна 17 поени.

Во второто полуфинале од 20 часот играат Реал Мадрид против Валенсија. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1