Кошарка
Јасикевичиус: Фенер не беше Фенер
Кошаркарите на Фенербахче го загубија полуфиналето во Евролигата и со тоа нема да ја бранат европската титула. Поуспешни беа кошаркарите на Олимпијакос, кои победија со 79:61.
Екипата на Фенербахче направи премногу грешки и имаше слаба реализација на шут во текот на целиот натпревар.
– Олимпијакос беше Олимпијакос, Фенер не беше Фенер. Кога и да се доближивме резултатски, тие постигнуваа лесни поени и тоа го реши победникот. Им го честитам пласманот во финалето, изјави тренерот на Фенербахче Шарунас Јасикевичиус.
Во второто полуфинале на „фајнл-фор“ турнирот од 20 часот ќе играат Реал Мадрид и Валенсија.
мај 23, 2026
