Connect with us

Кошарка

Њујорк поведе со 2-0 во финалето на Исток против Кливленд

Кошаркарите на Њујорк ноќеска го добија и вториот натпревар од финалето на Исток против Кливленд пред своите навивачи со 109:93 и поведоа со 2-0 во добиени натпревари во серијата. Противникот беше конкурентен само во првото полувреме – 53:49 за Њујорк.

На стартот од вториот дел Кливленд дојде и до изедначување 53:53, но потоа со „тројка“ на Џејлен Брансон беше означен почеток на серијата од 18-0 за Њујорк за голема радост во „Медисон Сквер Гарден“.

Најефикасен кај победникот беше Џош Харт со 26 поени, а Брансон заврши со 19 поени и 14 асистенции, а во редовите на Кливленд најпрецизен беше Донован Мичел со 26 поени.

Вечерва во 2 часот по полноќ се игра натпреварот број 3 од финалето на Запад, каде резултатот е 1-1 во добиени натпревари.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1