Фудбал
Алонсо: Во тимот има талент и голем потенцијал
Во новата сезона на клупата на Челзи ќе биде шпанскиот тренер Чаби Алонсо, веста беше објавена веднаш по поразот (Манчестер Сити) на екипата во финалето на ФА купот. Шпанецот пред три години со Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундес лигата, а покрај освои и Куп на Германија. Оваа сезона ја почна како тренер на Реал Мадрид, но во јануари доби отказ.
– Од разговорот со сопствениците и со спортскиот сектор беше јасно дека имаме иста цел. Сакаме да изградиме тим, кој константно ќе конкурира за трофеи. Во тимот има многу талент и голем потенцијал. Ќе ми биде чест да го водам тимот и фокус во следниот период ни е создавање вистинска култура и освојување на трофеи, изјави Алонсо.
Во делот од својата кариера Алонсо пет сезони беше дел од Ливерпул со кој ја освои и Лигата на шампионите во 2005 година, а настапуваше уште за Реал Сосиедад, Реал Мадрид и Баерн Минхен. За Шпанија има одиграно 114 натпревари и златен медал од СП 2010, како и две титули европски шампион.
Во Челзи оваа сезона на клупата беа Енцо Марсека и Лиам Росениор, а сега како привремен менаџер е Калум Мекфарлан.
мај 18, 2026
