Фудбал
Салах: На Ливерпул му е потребен „хеви-метал“ фудбал
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах по поразот на Ливерпул во петокот од Астон Вила (2:4) и се најде на петтото место на табелата и сега ќе мора во последното коло на домашен терен против Брентфорд да „бркаат“ победа за пласман во Лигата на шампионите. Ова беше уште еден тежок момент за „црвените“ и вкупно 19.ти пораз на Ливерпул во сите натпревари сезонава.
Салах на социјалната мрежа Инстаграм, повторно го „поткачи“ менаџерот Арне Слот и дека тимот треба да се врати на „хеви-метал“ фудбал што беше заштитен знак на фудбалот од ерата на Јирген Клоп.
„Тоа што повторно се распаднавме во еден пораз сезонава е навистина болно и не е тоа што навивачите го заслужуваат. Сакам да видам како Ливерпул се враќа на „хеви-метал“ напаѓачкиот фудбал, од кои сите се плашат и повторно да бидеме тим што ќе освојува трофеи. Тоа е фудбал што знам да го играм и тоа е идентитет, кој мора да бидеме вратен и засекогаш зачуван. За тоа нема приговори и секој што ќе дојде во клубот мора да се прилагоди на тоа“, напиша Салах.
Во продолжение се осврна на подемот на клубот:
„Гледав како овој клуб со многу сомнеж прераснува во успех и станува шампион. За тоа е потребно многу работа и секогаш давав се од себе да помогнам на клубот да дојде до тоа ниво. Да се победи по некој натпревар, не е тоа што Ливерпул треба да биде. Сите екипи победуваат. Ливерпул засекогаш ќе биде мој клуб и на моето семејство. Сакам да биде успешен откако ќе заминам. Пласманот следната сезона во Лигата на шампионите е апсолутниот минимум и ќе направам се што можам тоа да се случи, објави Салах.
Салах последната деценија е најдобриот фудбалер на Ливерпул и освои шест трофеи со 257 постигнати голови во „црвениот дрес“.
мај 17, 2026
