Connect with us

Фудбал

Наполи обезбеди ЛШ, Елмас асистент на еден гол

Екипата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со денешната победа од 3:0 на гости против Пиза избори пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Елмас настапи 59 минути, а асистираше при вториот гол на Амир Рахмани. Наполи со 73 бодови е на второто место.

За разлика од Наполи, Јувентус по денешниот пораз од Фиорентина (0:2) на домашен терен е сè подалеку од Лигата на шампионите. Јуве со 68 бодови е на шестото место, а ист број бодови има и Комо со подобра гол-разлика и подобар меѓусебен дуел.

Милан по трите натпревар без победа денеска со 2:1 на гости ја совлада Џенова, додека дербито на Рим и припадна на Рома, која со двата гола на Џанлука Манчини го совлада Лацио со 2:0.

Милан и Рома се наоѓаат на третото и четвртото место со по 70 бодови.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1