Свет
Угинат кит пронајден во близина на брегот на Данска
Угинат кит е откриен во близина на данскиот остров Анхолт, соопшти доцна синоќа данската новинска агенција Рицау, цитирајќи ја државната агенција за животна средина.
Китот е пронајден на околу 75 метри од брегот и се верува дека е угинат веќе извесно време, се вели во извештајот што го пренесува ДПА.
Засега не е јасно дали станува збор за истиот кит, наречен Тими во германските медиуми, кој првпат се насука кај германскиот брег на Балтичкото Море кон крајот на март, пред спасувачите да го преместат околу еден месец подоцна во теснецот Скагерак во Северното Море.
Локален чувар на природата изјави за радиодифузерот „TV 2 Østjylland“ дека животното веројатно е грбав кит со должина меѓу 10 и 15 метри.
Властите во моментов немаат планови за извлекување на китот, иако тоа би можело да се промени доколку трупот доплива поблиску до брегот, се додава во извештајот.
мај 16, 2026
