Connect with us

Свет

Шји Џјинпинг ќе ги посети САД наесен на покана на Трамп, соопшти кинескиот министер за надворешни работи

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе престојува во САД во државна посета наесен годинава по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ји.

Како што пренесе агенцијата Синхуа, Трамп го покани кинескиот претседател во посета на Белата куќа на 24 септември за време на банкетот организиран во негова чест од страна на Шји Џјинпинг во Пекинг.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1