Connect with us

Култура

На конкурсот „Amilcare Solferini“ во Пиемонт, главната меѓународна поетска награда за Томислав Османли

Македонскиот писател Томислав Османли е добитник на главната меѓународна поетска награда на  книжевниот конкурс „Amilcare Solferini“ во Пиемонт, соопштено е вчера на цеременија за прогласување на наградите  во месноста Павоне во Торино.

Османли наградата ја добива за песната насловена „Вистинската сила“. Според правилата на конкурсот објавен годинава за единечна поетска творба на слободна тема, песната од дваесет стихови, што на француски јазик ја преведе самиот автор, го носи насловот La vraie force. 

– Книжевните творби на конкурсите на оваа литературна институција од Торино вклучуваат творби на стандарден италијански, на пиемонтски дијалект, на англиски и во овој случај, на франсуски јазик. Песната на нашиот автор, пишувана во вид на љубовна реминисценција, ја афирмира човечката љубов како лична страст, но и како несовладлива општествена сила. Нејзините универзални поетски и актуелни значења највисоко ги потврдува одлуката на жирито на меѓународниот конкурс, информира Османли. 

Наградата го носи името на Амилкаре Солферини, инаку псевдоним на Виторио Актис (Торино, 27 март 1870 – Торино, 20 април 1929), италијански писател, поет, актер и драматичар, автор на драми, пишувани првенствено на пиемонтски дијалект. Тој бил и новинар и главен уредник на книжевно списание. Една улица во населбата Парела во Торино е именувана по писателот Виторио Актис. Во негова чест, почнувајќи од 2015 година, се организира Големиот национален книжевен конкурс. На свеченото матине, беа доделени признанија и за уште неколку конкурса на истата поетска установа, како и специјални спомнувања по 2. конкурс на кој главен добитник е македонскиот автор. 

 „Amilcare Solferini“ е втората меѓународна награда што Османли ја добива за единечна поетска творба. Во 2018-та стана прв лауреат италијанската награда „Angelo LaVecchia-Анте Поповски“ за песната „Љубов“ („L’Amore“ која од македонски јазик, на италијански јазик ја преведе Билјана Билјановска) која од тогаш секоја година се доделува во универзитетскиот центар Canicattì на Сицилија

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1