Фудбал
Повреда во редовите на Баерн Минхен
Третото коло од Лигата на шампионите донесе неколку повреди на клучни фудбалери на водечките екипи. Во вторникот во редовите на ПСЖ и Барселона имаше неколку повреди, а во средата и на второто дерби се случија повреди Арсенал остана без Букајо Сака (повреда 10.минута), додека Баерн е без Луис Диаз, кој влезе во 68.минута и се повреди во 90.минута.
Најавите се дека можно е Диаз да има скинати мускулни влакна на задна ложа и со тоа подолга пауза. Магнетната резонанца ја потврди повредата, а од Баерн не потврдија колку ќе отсуствува од терените.
Неговото отсуство е сериозен проблем особено што германските медиуми проценуваат дека ќе паузира до крајот на ноември, а дополнителен проблем е што на листата на повредени е и Џамал Мусиала.
Диаз ќе треба да ги пропушти дуелите со Фрајбург, Борусија Дортмунд и Мајнц од Бундес лигата, Магдебург во Купот на Германија и со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Колумбискиот репрезентативец најверојатно нема да настапи и за својата репрезентација на претстојните дуели.
октомври 23, 2026


