Connect with us

Свет

„Фајненшл тајмс“: Украина ќе купува оружје и воена опрема преку специјализираната агенција на НАТО

НАТО ќе ѝ овозможи на Украина да купува оружје, муниција и воена опрема преку својата Агенција за поддршка и набавки (NSPA), објави денеска британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Ова партнерство треба да ги забрза испораките и да ги намали трошоците преку економијата на обем, обезбедувајќи му на Киев дополнителен канал за снабдување покрај билатералните преговори со сојузниците.

Тоа ќе ѝ овозможи на Украина директен пристап до стручноста на агенцијата, нејзините услуги за поддршка и индустриската мрежа, изјави директорката за оперативна поддршка на агенцијата, Жаклин Борсбум.

Новата иницијатива доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Киев и Вашингтон, по објавувањето на договорот меѓу САД и Русија за испораки на дизел-гориво, како и по ограничувањата на воената сателитска мрежа „Старшилд“ (Starshield), кои ги нарушија украинските воени операции. 

Ad
Ad