Свет
Полицијата им нареди на демонстрантите да ги отстранат шаторите од плоштадот Росио во Лисабон
Португалската полиција за јавна безбедност (ПЈБ) утрово им нареди на демонстрантите на плоштадот Росио во Лисабон да ги отстранат шаторите поставени во 7 часот, давајќи им рок од само 10 минути.
Демонстрантите одлучија да ја почитуваат наредбата и да ги расклопат шаторите, но да ги остават на земја, објави весникот „Диарио де Нотисиас“.
Во 9:10 часот утрово, полицијата побара отстранување на шаторите, а во 10:00 часот Општинската полиција ги предупреди организаторите дека шаторите ќе бидат конфискувани доколку самите не ги отстранат.
Полицијата изјави дека немало известување за демонстрациите за таа локација и време и дека е потребна дозвола за поставување на шаторот, која не е издадена.
Демонстрантите ги поставија шаторите откако ја поминаа ноќта надвор, спиејќи згрчени бидејќи им беше забрането да ги користат на протестот.
Властите ги информираа дека можат да останат на местото на протестот доколку бидат мирни.
Рената Камбра, лидерка на новата Обединета работничка партија, рече дека властите се плашат дури и од два шатори.
Таа оцени дека властите се навикнати на различни протести, кои траат еден ден, додека целта на тој протест е да биде континуиран.
Организаторите разгледуваат нови форми на борба, а следниот протест е закажан за сабота, од плоштадот Маркиз де Помбал до плоштадот Росио.
октомври 23, 2026


