Connect with us

Сцена

Џо Манганиело: Шаман ми кажа дека поранешно момче на Софија Вергара ми фрлил клетва

Американскиот глумец Џозеф Манганиело раскажа како шаман од Куба му рекол оти неговите здравствени проблеми се резултат на вуду-клетва фрлена врз него од поранешен партнер на неговата тогашна сопруга – Софија Вергара, бидејќи другиот маж сè уште бил вљубен во неа. Манганиело (49) го опиша настанот во своите нови мемоари под наслов „Крвни линии (Bloodlines)“, истакнувајќи дека шаманот за време на телефонски разговор му кажал оти е болен и пати од цревни проблеми – подронсти за коишто, како што тој тврди – не знаеле дури ни некои негови блиски.

„Имаше членови на моето најтесно семејство кои не знаеја ништо за тоа, а на пак, некој странец на телефон“, пишува глумецот, додавајќи дека тогаш „ја гледал Софија со мешавина од страв, гнев и неверување“, како што пренесе „Ентертејнмент викли (Entertainment Weekly)“.

Наводно, шаманот му рекол на Џо Манганиело дека некој од минатото на Вергара сè уште е вљубен во неа и фрлил вуду-клетва врз нејзиниот сопруг. Глумецот изјави дека тогаш почнал да размислува за сите поранешни партнери на сопругата за кои знаел, а првата личност што му паднала на ум бил мажот со кого Вергара била непосредно пред него – нејзиниот поранешен свршеник, Ник Лоб. Тој и Вергара ја раскинале свршувачката во мај 2014 година, а глумицата почнала да се гледа со Манганиело уште во јуни истата година. Според наводите, можеби дури и самата Вергара е под клетва фрлена од поранешен партнер кој не можел да ја има, а и секој маж што подоцна ќе биде со неа би можел да биде погоден од истата клетва.

Манганиело истакна дека е свесен колку неверојатно звучат таквите претпоставки, но сепак бил вознемирен од фактот што шаманот – барем така се тврди, знаел детали за неговото здравје. Глумецот вели и дека еден близок пријател со врски во приватното обезбедување понудил да организира киднапирање, тепање и да го остават Лоб во шумска област. Манганиело првично ја разгледал понудата, но на крајот „одлучил да ја одбие, плашејќи се од последиците и од кармичката одмазда“, наведува.

Манганиело, исто така, истакна дека Лоб претходно студирал на Универзитетот Тулејн и живеел во Њу Орлеанс – детали коишто, како што забележува, се совпаѓале со тврдењето на шаманот дека наводното проклетство било фрлено токму во тој град. Глумецот напиша дека, иако приказната звучела крајно неверојатно, сепак почнал да бара летови за Гвајакил, Еквадор, каде што шаманот понудил да се сретнат.

Ad
Ad