Connect with us

Регион

Комесарот за човекови права на Советот на Европа: Јавното величење на Ратко Младиќ е незаконско

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, денеска го осуди „јавното величење на Ратко Младиќ“ и ги повика надлежните органи да се спротивстават на тоа.

Во соопштение на својата веб-страница, О’Флаерти изјави дека „остро го осудува јавното величење на Ратко Младиќ, покојниот воен злосторник осуден за геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото, вклучително и изјави на функционери од Република Српска, ентитет во Босна и Херцеговина, како и од Србија“.

„Таквото величење е кривично дело според законите на Босна и Херцеговина и не припаѓа на слободата на говорот заштитена со Европската конвенција за човекови права“, се наведува во соопштението.

О’Флаерти, како што се додава, ги повика „сите надлежни органи да се спротивстават на глорификацијата на осудените воени злосторници и да ги исполнат своите законски обврски за обезбедување одговорност, заштита на правата на жртвите и задоволување на правдата“.