Свет
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ исклучува реактор поради падот на нивото на Дунав
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав.
Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем.
„Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е донесена поради континуираниот и значителен пад на нивото на Дунав“, се наведува во соопштението на компанијата доставено до Букурештанската берза.
Во соопштението се додава дека исклучувањето на вториот реактор се спроведува согласно пропишаните процедури, со строго следење на безбедносните маргини, опремата и прогнозите на романскиот Национален институт за хидрологија и управување со водите за наредните денови.
август 13, 2026
