Connect with us

Свет

Романското воено воздухопловство алармирано поради дронови во близина на границата со Украина

Романија во текот на ноќта подигнала два борбени авиона „Ф-16“ откако воените радари регистрирале група воздушни цели во близина на границата со Украина, при што една од нив потоа навлегла во романскиот воздушен простор.

Според романското Министерство за национална одбрана, радарскиот систем ноќеска во 1:27 часот регистрирал група од пет воздушни цели во областа на украинскиот град Измаил, во непосредна близина на границата долж реката Дунав.

Поради ситуацијата, преку системот РО-Алерт до населението во пограничната област во северниот дел на романскиот округ Тулча во 1:30 часот било испратена порака со предупредување.

„Два авиона Ф-16 на романското воено воздухопловство од 86-та воздухопловна база ‘Борча’ беа подигнати за следење на ситуацијата“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Пред два дена нуркачи на романската армија во Црното Море контролирано уништија два беспилотни системи од типот „Гербера“ што пловеле во романската ексклузивна економска зона, во близина на подрачјето на гасниот проект „Нептун Дип“. Дроновите на 11 август биле забележани од екипажот на цивилен брод, на околу 90 наутички милји од Констанца.