Connect with us

Свет

Дополнителни избори во Велика Британија, за Најџел Фараж прашање на политички опстанок

Во Велика Британија денеска ќе се одржат дополнителни парламентарни избори, на кои лидерот на антиимигрантската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, го става на коцка својот политички опстанок.

Фараж ќе се соочи со рекорден број од 33 противкандидати во едномандатната изборна единица Клактон-он-Си. Според британскиот изборен систем, кандидатот со најмногу гласови е избран за пратеник, дури и ако нема мнозинство.

Меѓу кандидатите има и неколку необични претенденти, меѓу кои и сатиричниот лик Ерл Бинфејс. Ниту една од традиционалните британски партии не номинираа свои кандидати, со цел да не даде легитимитет на евентуалната победа на лидерот на антиимигрантската партија.

„Реформирај го Обединетото Кралство“ води во анкетите на јавното мислење во земјата и освои повеќе места на локалните и дополнителните избори одржани годинава.

Фараж од 2024 година беше пратеник во Долниот дом од изборната единица Клактон-он-Си, крајбрежна област во југоисточна Англија. Тој поднесе оставка на почетокот на минатиот месец, за повторно да се кандидира за истото пратеничко место. Аналитичарите проценуваат дека целта на таквиот потег на Фараж е да се стави крај на скандалот околу неговите финансии.