Регион
Радев ќе побара парламентот да одобри распоредување на осум американски авиони-танкери во Бугарија
Премиерот на Бугарија, Румен Радев денеска изјави дека ќе побара од парламентот одобрување за распоредување на осум американски авиони-танкери во воената база Безмер.
Владата ќе го достави до парламентот барањето на Вашингтон за стационирање на авионите во воениот објект Безмер за поддршка на американските воени операции на Блискиот Исток, истакна Радев на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија.
Одлуката за американските авиони-танкери да се стационираат на цивилен аеродром во главниот град на Бугарија, Софија, беше донесена без претходно одобрение од парламентот, што предизвика политички спор. Авионите ја напуштија базата Безмер минатиот месец.
Проблемот беше што воените авиони беа стационирани на цивилен аеродром во непосредна близина на Софија. Затоа им предложивме на нашите сојузници да користат воени аеродроми, посочи рече Радев.
Воената база Безмер се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија.
јули 21, 2026


