Connect with us

Регион

Албанската опозиција бара отворени изборни листи а шефот на државата да го избира народот

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека  обединетата опозиција бара  отворени изборни листи, а шефот на државата да го избира народот.

– Ние сме за отворена листа за изборот на 140 пратеници. Го кажувам тоа  и целосно стоиме зад овој принцип, го искажав ова и претходно. Организирав тркалезна маса токму со цел да ја обединам опозицијата за изборниот систем. И во овој контекст, секоја промена на Уставот ние ќе ја поддржиме, рече Бериша.

Тој додаде дека опозицијата не е против изборот на претседателот од страна на народот, бидејќи историјата на претседателите не еднаш, туку повеќепати покажала дека е „марионетска историја“.

– На нацијата не ѝ требаат марионети. Нема потреба. На нацијата, на земјата, ѝ требаат институции. Институции што се придржуваат до Уставот, посочи Бериша.

Затоа, нагласи тој, не се спротивставуваат шефот на државата да се избира на непосредни избори.

– Некогаш не се согласував со овој процес, но денеска кога го гледам уништувањето на таа институција, која е многу значајна, мислам дека на земјата и на нацијата ѝ е потребна како вистинска институција, а не како „лажна“ каква што е, додаде тој.

Претседателот во Албанија го избира парламентот и е со петгодишен мандат, со право на реизбор.

Во земјата во подготовка е новата  изборна реформа, но поради различните ставови помеѓу владејачката Социјалистичка партија и опозицијата, нејзиното донесување е одложено. 

Ad
Ad