Connect with us

Регион

Околу 2,5 тони отпад извадени од дното на морето во марина на атинската ривиера

Над 35 автомобилски гуми и гуми од помали возила, стотици пластични и стаклени шишиња, цевки, метални и железни предмети, кабли, односно околу 2,5 тони отпад, биле отстранети од морското дно во марината во крајбрежната населба Варкиза на атинската ривиера во рамките на еколошката акција организирана од Професионалната комора на Атина (ЕЕА) во соработка со невладината организација „Why Not“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според претседателот на ЕЕА, Јанис Хаѕитеодосиу целта на иницијативата била заштита на природата, но пред сè да се подигне свеста кај институциите и граѓаните, за да се преземат слични активности.

-Пораката е една: сите мора да работиме за да ја зачуваме животната средина чиста. Тоа е нешто што им го должиме и на идните генерации, рече Хаѕитеодосиу и додаде дека отстранувањето на 2,5 тони отпад од морското дно е „многу сериозна работа и ваквите иницијативи заслужуваат да се повторуваат колку што е можно почесто“.

Во акцијата учествувале 20 нуркачи од организацијата, а заедно со нив, дел од подводното чистење бил и поранешниот началник на Генералштабот на Националната одбрана, поранешниот министер за одбрана, а сега независен пратеник Евангелос Апостолакис. 

Ad
Ad