Connect with us

Политика

Стојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години

Официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кое МИА го објавува интегрално.

Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти.

Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните.

Растот е присутен во сите клучни сектори. Најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и рударството. Процентуално, највисок раст има во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието.

Овие бројки се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат.

Нашата цел останува јасна: платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард. 

Ad
Ad