Connect with us

Политика

Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт

Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.

Додека СДС беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче оди чекор понатаму и отворено ги релативизира бугарските барања, тврдејќи дека македонскиот идентитет не е загрозен.

Во време кога од Бугарија доаѓаат пораки со кои се оспоруваат делови од македонската историја, јазик и културен идентитет, Филипче останува нем на тие позиции и безрезервно ги поддржува отстапките што се бараат од Македонија.

Очигледно е дека за него поважно е да обезбеди политичка поддршка однадвор отколку да застане зад ставовите и чувствата на македонските граѓани.

Македонија има потреба од достоинствен европски пат, но со јасни гаранции и без нови идентитетски условувања. Власта и државните интереси не смеат да бидат предмет на политичко пазарење.

Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ја води државата, а не странски центри на моќ. Затоа е потребно единство околу заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историја.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи компромиси со националните интереси и нема враќање на политиките кои носеа поделби и отстапки на штета на Македонија.

Ad
Ad