Connect with us

Фудбал

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда

Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната прослава на шампионската титула на ФК Вардар.

На темите „Дали омразата и понижувањата стануваат нормален јазик во македонското општество? Каде исчезна границата меѓу навивање и навредување? Дали трибината се само огледало на атмосферата што постои во секојдневната комуникација? Зошто агресијата станува забава, понижувањето начин да се покаже сила? Каква порака испраѓаме до младите? – поставени од водителот Младен Чадиковски, заедно со министерот Ристовски свое мислење и ставовови презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, НЛП менторката Ирена Христов и универзитетскиот професор Иван Атанасовски.

– Ние како Минисетрство за спорт и ФФМ го осудуваме овој настан за во иднина да не се повтори или да се намалува бројот на ваквите инциденти. А, одговорноста на сите мора да биде уште поголема, особено кога тие претставуваат одредена институција и треба да бидат пример. Прославувањето на секој успех, секоја титула и целата таа еуфорија,треба да биде еден убав гест. Да се надеваме дека во иднина ќе нема или ќе има многу помалку вакви немили сцени, посочи Ристовски.

Ривалството на спортските терени е добро да го има, но омразата и поделбите по сите основи може да однесат на погрешен пат и тоа не треба да го дозволиме, беше пораката што ја испратија учесниците во дебатата, упатувајќи уште еднаш јавна осуда за непримерниот начин на кој ФК Вардар ја прослави шампионската титула

Маркетинг
Ad 1
Ad 1